Сопругата на фудбалерот Ангел Ди Марија, Јоргелина Кардосо, не сакала да замине во Англија со нејзиниот сопруг, кога Аргентинецот потпиша договор да игра за Манчестер Јунајтед.
„Му реков дека нема шанси да одиме заедно во Манчестер и дека може слободно да си оди сам. Се расправавме долго време, но ми кажа дека многу пари беа во игра. Во Шпанија за нас збореа дека сме биле грабливци“, открила Кардосо во емисијата Los Angeles de la manana.
Таа откри дека заедно со сопругата на Серхио Агуеро, колегата од репрезентацијата на Ди Марија, го разгледале градот Манчестер и вели дека им бил ужасен.
„Не можев да опишам колку беше гаден. Вистинска дупка. Му кажав и на сопругот. Му реков дека може да оди било каде, само не во Англија“, изјавила Кардосо.
Кардосо вели дека сите жени и биле слаби и чудни. Кога шетале по улицата, таа вели дека не се чувствувала безбедно. Храната ѝ била одвратна. Животот во Манчестер ѝ бил целосна спротивност од оној во Мадрид.
Текстот Сопругата на Ди Марија, не сакала фудбалерот да игра за Манчестер Јунајтед е превземен од Reporter.mk.