Ана, сопругата на Ѓорѓе Давид, кој од оваа сезона е член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, си заминала од семејниот дом. Таа со својата тригодишната ќерка Сташа сега живее со мајка си, пишува српски „Курир“. Магазинот вели дека според блиски пријатели на двојката, Ана и Ѓорѓе и понатаму имаат добар брак и дека не се разведуваат, но дека таа морала да си замине оти ѝ требала помош со детето.
„Ана во последно време често беше сама, имаше многу обврски околу ќерката и не можеше да постигне се. Ѓорѓе доби многу работни ангажмани и никако не сакаше ништо да пропушти. Ана го поддржува и мислеше дека ќе го издржи тоа, но тој речиси воопшто не доаѓа дома, само навечер да преспие. Преку ден ги снима ‘Ѕвездите на Гранд’, потоа работи како ментор. Често е на разни други снимања, а ни за викенд не е слободен“, вели изворот близок до двојката.
Истиот извор додал дека на Ана ѝ е многу тешко, дека е осамена и дека со Ѓорѓе се слуша само на телефон и преку видео повици.
„За да има помош, таа му предложи да се пресели кај мајка си на некое време, додека Ѓорѓе не ги заврши обврските со шоуто“, раскажал истиот пријател.
Семејниот стан на Ѓорѓе и станот на мајката на Ана се во близина, па „Курир“ пишува дека музичарот секој ден оди да ги види жената и детето на неколку часа.
Текстот Сопругата на Ѓорѓе Давид се исели од семејниот дом е превземен од Reporter.mk.