Познатиот весник „Газета дела спорт“, тврди дека сопругата на Златан Ибрахимовиќ, Хелена Сегер, ќе одлучи во кој клуб ќе игра понатаму. Одлуката треба да ја донесе во декември кога му завршува договорот со неговиот сегашен клуб Лос Анџелес Галакси.
Како најсериозен клуб каде би можел да игра, се наведува Болоња, заради пријателството со тренерот на клубот Синиша Михајловиќ кој боледува од леукемија.
Сепак сопругата на Ибрахимовиќ, како пренесува весникот, сака да се врати во Милано, каде што тој играше од 2010 до 2012 година, пред да замине во Парс Сен Жермен.
Текстот Сопругата на Ибрахимовиќ ќе одлучи во кој клуб ќе игра е превземен од Reporter.mk.