Сопругата на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант, Ванеса, која во хеликоптерската несреќа ја загуби и 13-годишната ќерка Џиџи, е во многу тешка состојба . Таа не може да заврши реченица без да плаче, раскажува пријател близок до семејството кој вели дека ова се многу тешки мигови и денови за нив.
Триесет и седумгодишната Ванеса разбирливо е во лоша здравствена состојба, велат блиските.
„Таа постојано се онесвестува и постојано вели дека тој ѝ беше партнер за целиот живот. Таа не може да се помири со смртта на својата ќерка“, вели извор близок до семејството.
Ванеса постојано е во близина на трите ќерки и мора да најде начин да биде силна заради нив, вели изворот.
Инаку, Ванеса и Коби имаа четири ќерки, Наталија (17), Џијана (13), Бјанка (3) и Капри (7 месеци).
„Таа никако не ја оставаат сама овие денови, но таа ќе жали многу долго бидејќи загуби и сопруг и ќерка во исти ден“, велат блиските пријатели до парот.
Текстот Сопругата на Коби Брајант е во тешка здравствена состојба е превземен од Reporter.mk.