Во салата на хуманитарниот дом Даре Џамбаз во Скопје, на 17-ти февруари годинава, во недела во 18 часот ќе се одржи хуманитарен концерт посветен за естрадниот уметник Момо Николоски, на кому му е потребно скапо лекување во странство, бидејќи боледува од рак на желудникот.
Организатор е Жаклина Узунова, сопруга на легендарниот поп и фолк музичар, професор и композитор Јанко Узунов, кој ненадејно почина во август 2014 година.Хуманитарниот концерт ке се одржи во соработка со Црвениот крст на град Скопје и ке биде насловен” Узун за Момо “на кој што ке учествуваат долгогодишни соработници и пријатели на Јанко Узунов.
Гостите ке можат да уживаат во музиката на учениците на школата за гитара “Узан”, гости ќе бидат и Горан Симевски, Кристијан Демјански млад надежен вокал од Берово, Кирил Узунов, Уни бенд од Валандово,а водителката ќе биде Катерина Стојановска Десковска. Итерес за присуство на концертот има и од други музички имиња кои што сакаат да бидат дел од оваа хуманост.
Жаклина вели дека оние кои во животот се соочиле со болест, своја или на свои блиски, и кои минале низ болничките ходници , најдобро знаат какво е чувството и колку на болните им е потребна помош. Таа смета дека за Николоски, кој во текот на својата децениска кариера добил над 200 пофалници и благодарници поради учества на хуманитарни настани, сега е време јавноста и на пријателите да му се оддолжат и да му помогнат.
Таа апелира сите кои што се во можност да дојдат на концертот, влезница нема да платат, но ќе бидат поставени кутии за донации и секој според својата можност може да помогне во лекувањето на Момо. Донаци може и на телефоните 143- 462 ВИП и 143- 123 Т-Мобиле..
Текстот Сопругата на починатиот Јанко Узунов организира хуманитарен концерт за Момо Николовски е превземен од Reporter.mk.