Сабина, сопругата на српскиот пејач Синан Сакиќ, кој почина лани на 1 јуни, тврди дека нејзиниот маж бил убиен, а дека таа ги има сите докази за наводното убиство.
„Драги пријатели, морам да ве известам дека девет месеци ме мачат едни исти зборови. Ме интересира зошто мојот маж е убиен. Плачејќи ме молеше да го спасам, да го однесам дома бидејќи докторите не го лечат и сакаат да го убијат. Пет дена кардиолозите не му даваа ништо, а имаше срцев удар и оштетување на срцето. Никаква терапија, ниту, пак, инфузија примаше пет дена. Тој ми рече: Однеси ме, те молам, мацо ова не е ни болница, ни лудница, ова е логор, тука ти ја земаат последната капка достоинство. Тие не ме лекуваат, се откажаа, ќе ме убијат. Пет дена беше усно отпуштен и чекаше отпусна листа. Намерно не му дадоа, никој не сакаше да му помогне ниту пријде. Молев и плачев да го прегледа кардиолог. Една професорка во паника во болницата ми рече, води го Синан од тука, ќе го убијат. Бев во паника и неверување. А сега се прашувам по којзнае којпат зошто е убиен и по чија наредба баше убиен мојот сопруг? Чекав тоа некој да го истражи, но ништо, имам снимки, докази дека е убиен. Сега се охрабрив и нема да дозволам лошите луѓе што го убија да бидат неказнети. Се надевам дека ако постои правда тие со закон ќе бидат казнети, а верувам и во Божјата правда“, напиша Сабина Сакиќ на својот фејсбук-профил.
Dragi prijatelji moram vam reci sta me muci evo deveti mjesec.Interesuje me zasto je moj muz ubijen.Molio me plakajuci…
Gepostet von Sabina Ssabina Sakic am Mittwoch, 20. Februar 2019
Текстот Сопругата на Синан Сакиќ тврди дека пејачот е убиен е превземен од Reporter.mk.