Сопругата останала да се грижи за Идрис Елба, сега и таа има коронавирус

Сопругата на британскиот глумец Идрис Елба, Сабрина Доур не сакала да се самоизолира и инсистирала да се грижи за својот сопруг, кој минатата недела јавно призна дека е заболен со коронавирус.

Поради желбата да остане со него, сега и таа е позитивна на опасниот вирус.

„Открив на тестот дека сум позитивна на коронавирус“, изјавила Сабрина во новата серија за коронавирусот на водителката Опра Винфри.

Таа сега заедно со нејзиниот сопруг се во карантин во Мексико, каде снимаат филм.

„Не чувствувам ништо од она што луѓето сега го очекуваат како симптом на коронавирусот, што е навистина чудно. Тоа може да се промени во наредните недели и за сè ќе ве информираме“, вели Сабрина.

Елба откри претходно дека ги немал симптомите иако бил позитивен на коронаирусот.

„Ги немав симптомите, а се тестирав затоа што бев во контакт со луѓе за кои подоцна дознав дека се заразени. Веднаш откако дознав дека имам коронавирус, веднаш се повлеков во самоизолација и направив дополнителни тесови. Тоа е сериозно. Сега е добро време да се оддалечеите од луѓето, да миете раце. Постојат луѓе кои се заразени, а немаат никакви симптоми. Затоа сега е време да бидете многу внимателни“, кажа Елба во видеото на социјалните мрежи.

Негодувањето на Сабрина да се повлече во самоизолација, само за да може да биде и да се грижи за Елба, наиде на голем број критики од нејзините фанови на социјалните мрежи.

 

 

 

 

Текстот Сопругата останала да се грижи за Идрис Елба, сега и таа има коронавирус е превземен од Reporter.mk.