Сопругот на Аделина со чочек и трубачи го славеше раѓањето на синот

Пејачката Аделина Тахири Марков со својот сопруг адвокатот Серјожа Марков по повод раѓањето на синот Јон, организираа забава во елитниот комплекс Орман, пренесува Фокус.

За одличната атмосфера се погрижија пејачите Панки, Васка Јанковска и оркестар со трубачи.

„Прекрасна беше забавата, таткото Серјожа навистина се потруди околу целата организација. Пребогата трпеза, мекици, музика за сечиј вкус. Од чочек, народни, па се до рок песни се слушаа. Се пееше „Туѓа си бескрајно“, „Ѓурѓовден“, но и забавни песни од репертоарот на Панки“, велат пријатели на Маркови.

 

Текстот Сопругот на Аделина со чочек и трубачи го славеше раѓањето на синот е превземен од Reporter.mk.