Сораја ќе се мажи со Руски магнат

Српската старлета Сораја Вучелиќ ќе се мажи за руски милионер по име Владимир, пишуваат медиумите. Веста прв ја објави „Информер“, кој пишува дека Владимир е наследник на руски магнат. Сораја, пак, рекла дека не сака јавно да зборува за својот вереник.

„Не сакам да го коментирам својот приватен живот. Се надевам дека никогаш нема да дознаете кој ми е момче. Вистината е дека се заљубив во најубавиот маж на светот. Освен убавината, поседува и други квалитети на коишто ‘паднав’. Не се сеќавам некогаш да сум била посреќна“, рекла старлетата за „Информер“.

Според магазинот, Сораја и Владимир биле во врска три месеци пред да се верат. Прстенот со кој ја побарал за жена, наводно чини 150 илјади евра.

Текстот Сораја ќе се мажи со Руски магнат е превземен од Reporter.mk.