Сораја на мета на манијак

Балканската старлета Сараја Вучелиќ се најде на мета на манијак, кој го злоупотребува нејзиното име и се претставува како неа, под лажен број на телефон. Истовремено во нејзино име пишува разни работи на фановите.

Непознатото лице ги има сите контакти на Сораја и за неа пишува разни работи за што се известени и предупредени нејзините блиски пријатели. Сораја упати јавен апел да се стави крај на непријатностите и откри дека веднаш контактирала со адвокат.

„Повикав адвокат и го известив за тоа. Тој најдобро знае што треба да се направи. Бројот на телефон и манијакот сега можат да го видат сите и да се чуваат и да не наседуваат на истиот. Преку бројот лесно може да се открие кој стои зад ова“, порача Сораја.

 

Текстот Сораја на мета на манијак е превземен од Reporter.mk.