Бизнисменот Александар Ружин, син на поранешниот дипломат и актуелен професор Нано Ружин, е еден од надворешните советници на премиерот Зоран Заев. Оваа вест деновиве беше актуелна во јавноста. Особено што Ружин стана дипломатски советник на премиерот за економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс и Франција. Но, откако се објави веста за новиот советник на Заев, многумина се сетија дека Ружин ѝ беше дечко на хрватската пејачка Антонија Шола, а на „Твитер“ потсетија на нивната врска – од тоа кога тој јавно ја молеше да му се врати, до изјавите на Шола за хрватските медиуми дека Алекс сакал да ја убие. Ружин тогаш раскажуваше дека откако се скарале со Шола затоа што таа го изневерувала, возел цел ден до Загреб и кога стигнал таа не сакала да се појави да разговараат. По овие негови изјави, дека преморен од патот без да има каде да преспие ја молел да се видат, а таа го одбила, Шола за хрваткиот магазин „Стори“ раскажа дека ѝ се заканувал дека ќе ја убие доколку реши да го остави и дека со таков човек не би можела да издржи.
„Некој да ви каже најмалку дваесет пати дека ќе ве убие доколку го оставите и дека ќе направи најголема драма на Балканот убивајќи ме мене па себе, нормално дека нема да продолжите со него“, изјави тогаш Шола во интервју за Стори.
Таа ги демантираше и неговите искази дека го изневерувала, тврдејќи дека тој сакал целата вина да ја префрли на неа.
По скандалот со Шола во 2011 година, пред три години Ружин повторно беше актуелан во јавноста, откако објави видео со тогашната девојка Елена со која се снимаат во автомобил додека шетаат низ Европа и раскажуваат колку се сакаат. Видеото наиде на потсмев во јавноста, па тој го тргна и објави ново во кое на сите што му се смееја им кажа дека „Никад нема да се возите у добро ауто како што се возам јас“.
Текстот Советникот на Заев, Алекс Ружин, се закануваше дека ќе ја убие Антонија Шола е превземен од Reporter.mk.