Српската естрада и членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ јавно ѝ изразија сочувство на Јелена Карлеуша по смртта на нејзината мајка, Дивна. Тие Дивна ја опишаа како прекрасна жена и пожртвувана мајка, секогаш пријателски расположена и насмеана. Марија Шерифовиќ, Саша Поповиќ, Ана Бекута, Ѓорѓе Давид и Дара Бубамара се само дел од оние што не го криеја шокот по нејзината смрт.
„Јас веќе не можам да поднесам лоши вести. Изразувам искрено сочувство на мојата другарка Јелена и целото семејство Карлеуша. Веста за смртта на Дивна ме погоди многу, ќе ја паметам како вистинска мајка и голем борец“, напиша Марија Шерифовиќ.
„Во шок сум. Сега се слушнав со Јелена, одам кај неа за да ѝ помогнам за сè што ѝ треба. Дивна беше прекрасна жена, силна, борец… Плачам, шокирана сум. И јас ја изгубив мајка ми, знам што значи тоа“, рекла Дара Бубамара, која до пред една година не разговараше со Јелена.
„Дивна беше прекрасна жена. Моето прво интервју го направи таа. Навистина ми е многу жал за Јелена, уште ова ѝ требаше“, рекол Ѓорѓе Давид, кој е заедно со Карлеуша жирира во „Ѕвездите на Гранд“.
Сочувство испрати и пејачот Жељко Самарџиќ, кој се присети на своето пријателство со радиоводителката.
„Драга Дивна, жал ми е што замина пред време. Секогаш ќе те паметам како прекрасна, насмеана жена. Беше покрај мене кога дојдов во Белград и со твојот авторитет на врвен радиоводител ми помогна. Благодарам за сè што направи за мене. Вечна ти слава“, напиша тој.
Од Дивна Карлеуша се прости и Саша Поповиќ, директорот на „Гранд pродукција“. Тој испрати соопштение за медиумите во која за Дивна вели дека го имала најубавиот радиоглас во Србија.
„Дивна беше наша другарка, наша пријателка, водителка со која ја почнавме ерата на ‘Гранд’ во далечната 1989 година. Најпознатиот и најубав глас на ‘Радио Белград’, голем професионалец и прекрасен човек. Нејзиното име Дивна, никој не го носеше толку добро како таа. Шокиран сум и изненаден што веќе ја нема. Моето најискрено сочувство за Јелена и за нејзиното семејство“, напиша Поповиќ.
Заради смртта на мајката на Јелена е одложено денешното снимање на емисијата од „Ѕвездите на Гранд“. Бидејќи Јелена некое време нема да се појавува во јавноста поради смртта на мајка си, Поповиќ ќе најде замена, пејач што ќе биде во жирито и ќе ги подготвува кандидатите на Јелена како ментор.
Текстот Српската естрада со неверување за смртта на Дивна Карлеуша е превземен од Reporter.mk.