Контроверзната пејачка Дуња Илиќ, која веќе некое време живее во Италија, ги вознамири блиските но и фановите на социјалните мрежи па и во медиумите откако објави во живо на Инстаграм дека земала големо количество седативи зошто веќе не и се живее.
„Луѓе, ајде, ако некоја нејзина пријателка е тука или е во контакт со неа или што и да е, само да каже далие сè е во ред, зашто овие работи не се за зафркавање, не е наивно“ – напишала една нејзина следбеничка.
Според белградските медиуми, Дуња била пронајдена во бесознание.Веднаш и укажале прва помош и итно ја пренеле во болница на испирање на желудникот. Во моментов таа се опоравува, а нејзините пријатели и членови на семејството со неверување ја прифатиле веста. Нејзината мајка треба наскоро да замине во Болоња за да биде со неа. Претходно, Дуња се вклучила во живо на Инстаграм и рекла дека е уморна и умира.
“Умирам, се плашам од непознатото. Те молам слушај ме. Не го зборувам ова за ова да биде во центарот на вниманието. Јас престанав да пијам алкохол пред една година и да земам кокаин. Умирам, а к*р ме боли. Бев злоставена уште од 5-годишна возраст. Кога отидов со татко ми и неговата девојка на едно патување, таа коментираше дека неговиот однос кон мене е класичен инцест и болештина. Татко ми имаше некои емоции кон мене кои не беа во согласност со она што е татковство. Умирам, немам што да изгубам“ – рекла Дуња, а потоа кажала оти се сомнева дека нејзините родители биле навистина нејзини и дека таа е посвоена.
Дуња Илиќ е пејачка која зад себе има многу. Сними порно филм, ја тепаа во Приштина, се разведе по 12 дена брак, момчето и почина од дрога, беше со Дарко Лазиќ.
Текстот Српската пејачка Дуња Илиќ најави самоубиство во живо на Инстаграм: Итно пренесена во болница е превземен од Reporter.mk.