Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ се врати на „Пинк“

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ по четири месеци од тешката несреќа во која се здоби со повреди на раката, се врати на телевизија. Деа во матичната куќа „Пинк“ вчера ја водеше утринската програма.

Таа седна на местото каде беше гостин-водител во утринската програма „Ново утро“. Додека Деа се смеела, нејзиниот колега и партнер во утринската програма Предраг Сарап целото време беше на работ да заплаче.

 

„Одлично се чувствувам. Како да не бев отсутна. „Пинк“ е мојот втор дом. Колегите ме дочекаа со големо внимание, насмевки, емоции. Немам доволно зборови кои со кои би можела да ги опишам работите кои ми се случија. Сите сме среќни. Имаше и такви кои пуштија солзи, но и такви кои се воздржаа. Колку се грижат за мене, најдобро зборува тоа што додека бев во стдиото постојано од режија ме прашуваа дали ми треба нешто, дали се е ок?“, вели Деа.

„Таква сум, ретко плачам, работите ги гледам од поведрата страна. Во случај Сарап премногу да се расплачеше, веројатно ќе се растажев и јас. Го разбирам и него. Работите ги гледа со емпатија, а јас позитивно. Гледајте, немам зошто да плачам. Шансите да ја преживеам несреќата беа еден спрема милион, но ете излегов како победник и добив нова шанса за живот. Зошто да плачам за тоа? Тогаш би била безобразна кон животот“, вели Деа.

Лекарите претходно изјавиле дека за време на операцијата додека Деа трпела големи болки, таа не пуштила ниту една солза. Не заплакала ниту кога и кажале дека прогнозите за нејзиното здравје не се најсјајни.

 

Текстот Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ се врати на „Пинк“ е превземен од Reporter.mk.