Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ за прв пат по доживеаната сообраќајна несреќа која се случи на 7 февруари, се појави на телевизија. Таа вели дека е пресреќна што со секој поминат ден се чувствува се подобро но вели дека сега некои работи драстично ќе ги промени во својот живот.
„Си ветив самата себе. Нема повеќе цигари, нема кофеин. Со мала промена, Деа се враќа на екраните“, изјавила водителката.
Во несреќата Деа се здобила со сериозни повреди на раката. Лекарите морале да направат седум операции, за дури по 47 часа успеат да ја спасат. Лекарскиот тим кој е задолжен за нејзината состојба, велат дека сега водителката е подобра и веруваат дека наскоро таа целосно ќе се опорави.
Своето враќање во јавноста Деа го обележа во информативна емисија каде гостувала заедно со професорот доктор Марко Бумбаширевиќ, кој е заслужен за нејзиното опоравување.
„Конечно се чувствувам добро. Имав повеќекратни повреди, неколку скршени коски, контузија на срцето, белите дробови, скршена карлична коска, но најтешко од се беше состојбата со мојата рака. Таа благодарение на доктор Бумбаширевиќ е доба и сега заедно работиме на моето опоравување“, вели Деа.
„Деа го имаше доживеано најтешкиот облик на неуролошка повреда. Нејзиниот нерв беше скинат. Таа сега може да го движи рамото, а наскоро очекуваме да може да го крене и лактот. Таа е вистински борец. Но медиумите малку повеќе ја драматизираа нејзината состојба. Нејзината повреда не беше толку драматична како што тоа се претставуваше во јавноста. Еве на пример, нејзината рака е во многу подобра состојба отколку раката на ватерполистот Данило Икодиновиќ. Но ниту тој, ниту таа немаат причина да се откажат“, вели Бумбаширевиќ.
Бумбаширевиќ вели дека факт е дека целата земја била шокирана од несреќата, не само затоа што било во прашање јавна личност, туку и поради што ваква ситуација може да му се случи на секото, објаснува професорот.
„Вакви повреди не се секојдневие, многу се ретки и нормално е што јавноста бурно реагира. Луѓето можеби ги погоди тоа што несреќата се случила во центарот на градот, во автомобил, а не во некој рудник или на нива. Тоа е нешто со кое многмина се идентификуваат. Сите стануваат свесни дека една ваква тешка повреда може да се случи на било кој од нас“, вели Бумбаширевиќ.
Деа самата била пријатно изненадена од фактот дека сите се обединиле околу она што и се случило. Таа вели дека бескрајно и значела поддршката која ја добивала и големиот број на писма за поддршка кои ги примила. Деа вели дека сега луѓето ги чувствува поблиски од порано.
Водителката минала 47 дена во таканаречената шок-соба, на интезивна нега, каде немала никаков контакт со надворешниот свет. Лекарите велат дека на тој начин нема да може да чита вести за себе, нешто што би и претставувало голем стрес кој би можел да го забави нејзиниото опоравување.
„Ми беше многу тешко. Лежиш, а не можеш да се поместиш. Не можеш да сватиш дека тоа си ти. Не можеш да станеш, не можеш ни да седнеш. Дури седмиот или осмиот ден го земав првиот залак со храна. Се почнав да учам од нула, да станувам, да се движам. Немав никаков контакт со надворешниот свет, немав интернет, ни телефон. Но, знаев дека околу мене се професионалци кои се грижат за мене и кои ми даваа сила“, вели Деа.
Со оглед на тоа дека од несреќата минале само два месеци и неколку дена и водителката и лекарите велат дека се изненадени од тоа што Деа успеала толку брзо да се опорави и да се врати на нозе.
„На почетокот со денови лежев неподвижна. Никој не очекуваше дека за толку кратко време ќе се вратам на нозе. Прво научив да седам, а потоа и да станувам. Професорот и јас заедно учевме да одиме“, вели Деа.
Нејзиното момче, Младен Мијатовиќ вели дека доживеал страшен стрес, но дека постојано и бил најголемата поддршка на Деа и нејзиното семејство. Пред се на нејзината мајка Нена.
Текстот Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ се врати на телевизија е превземен од Reporter.mk.