Љубовната приказна на Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин трае од 1988 година. Во целиот овој период двајцата велат дека таа имала успони и падови. Роки ја оставил во 1994 година преку писма. Актерот излегувал со други девојки, но по кратко време се предомислил и се вратил.
Сталоне познат како „Рамбо“ или „Роки“, со семејството во моментов се наоѓа на одмор во Хрватска. Со себе го понел целото семејството, сопругата Џенифер Флавин и ќерките Систине, Софија и Скарлет Роуз.
Уште во 1988 година актерот се запознал со Флавин која била атрактивен модел. Тој има 42 години, а таа само 19. Почанле да излегуваат, а Сталоне во тој период веќе имал два пропаднати брака.
Сепак љубовта им цветала се до март 1994 година, кога Сталоне и раскинал преку писма, наместо да и кажел во лице. Писмото имало шест страни, а во него актерот објаснил зошто ја оставил по пет години врска.
„Многу плачев. Не можеш некого да го оставиш преку писмо, по толку години минати заедно. Не дека го молев да се смириме. Само сакав да разговараме“, раскажала Џенифер за медиумите.
Сепак Џенифер ја знаела причината зошто Сталоне и раскинал. Актерот во тој период имал афера со друг модел, Јаница Дикинсон. Во одреден период се зборувало дека Сталоне е татко на нејзината ќерка Савана. Џенифер ваквата драма ја нарекла најлошната ноќна мора на секоја жена.
Додека биле на пауза, Сталоне и рекол на Џенифер дека таа направила промена во неговиот живот, но исто така нагласил дека тоа било врска, без обврски.
„Не сум наивна. Знаев дека тој можеше да се врати. Имаше 45 години, а јас не можев да го променам“, изјавила Џенифер.
Сè што Сталоне имал со Дикинсон, завршило. Одел и на ДНК тест за да докаже дека детето не е негово. Тогаш Сталоне излегувал со многу девојки, особено модели, како Синди Крафорд, Енџи Еверхарт и други. Со Еверхарт кратко време бил и свршено, но врската не траеше долго.
По година дена Сталоне повторно се смирил со Џенифер. Тоа се случило на летото 1995 година, а веќе следната година ја добија ќерката Софија. Во мај 1997 година, двојката се венчале во Лондон.
„Две прекрани работи ми се случија во последните година дена. Ми се роди прекрасната ќерка Софија и се оженив со Џенифер, која е одлична мајка и знам дека ќе биде уште подобра сопруга“, изјавил Сталоне на венчавката.
Двојката сега има три ќерки, Систина, Софија и Скарлет, додека Сивелстер од првиот брак ја има уште една ќерка, која не живее со нив во куќата, а неговиот син почина во 2012 година од срцев удар.
„Сè во мојата куќа е женско. Играчките, куќната помошничка, сите кучиња. Никогаш не ми било позабавно. Ми требаа 19 години да сватам дека жената секогаш е во право“, изјавил Сталоне.
Текстот Сталоне ја оставил сопругата со писмо е превземен од Reporter.mk.