Актерот Силвестер Сталоне во изминатиов период често е на пат и поради неговите филмски ангажманни нема премногу време да биде со сопругата Џенифер и трите ќерки Систин, Софија и Скарлет. Тој жали што премалку време поминува со нив и најави дека наскоро ќе замине во пензија, за да може да остантото време што му преостана да го помине со неговата најголема љубов и трите ќерки.
Сталоне објавил и фотографија на социјалните мрежи од трите ќерки ѝ напишал колку му недостигаат моментите поминати со нив.
„Предолго сум на пат и едвај чекам да си дојдам дома каде што ми е срцето“, напишал Сталоне на „Инстаграм“.
Од своите обожаватели тој доби комплименти дека е вистински среќник што покрај себе има вакви убавици.
Летово Сталоне со сопругата и ќерките беше во посета на Хрватска во Сплит каде го прослави својот 73 родеден.
Во моментов низ светските кина се прикажува неговиот филм за американскиот воен ветеран Рамбо. Најголемото внимание на публиката Сталоне го привлече со неговото четврто продолжение од филмот „Платеници“.
Текстот Сталоне заминува во пензија за да помине повеќе време со сопругата и ќерките е превземен од Reporter.mk.