Пејачот Стефан Величковски, кого публиката го запозна по учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, стана модел на модната агенција „Моделс Ин“, која ќе го застапува во светски рамки. Стефан веќе го очекуваат бројни фото сесии, снимање рекламни спотови, а во најава се и модни едиторијали за престижни брендови.
„Соработката со Алек Наумовски и неговата модна агенција ‘Моделс Ин’ дојде сосема случајно. Во изминатите три месеци комплетно го променив својот начин на живот, редовно вежбам и многу внимавам на исхраната. Влезот во модниот свет ми е голем предизвик. Се надевам дека добро ќе се снајдам, но и верувам во тимот зашто долги години успешно функционираат“, вели Величковски.
Стефан последните години постојано настапува во кафулиња и клубови во земјава. Своите последни две студиски песни ги сними во 2010 година, а сега по осум години повторно ќе снима нови авторски песни.
Текстот Стефан од „Ѕвездите на Гранд“ стана манекен е превземен од Reporter.mk.