Светската музичка ѕвезда Стинг вторпат доаѓа во Скопје. По концертот што го одржа лани во спортскиот центар „Борис Трајковски“, популарниот музичар на 2 јуни 2019 година ќе настапи на стадионот „Филип Втори“, како дел од светската турнеја My Songs. Стинг во Скопје ќе ги испее најдобрите и најпопуларни песни од времето на „Полис“ и од неговата соло кариера – Englishman in New York, Fields of Gold, Shape of My Heart, Every Breath You Take, Roxanne.
Билетитњ за концертот што го организира „Авалон“ ќе бидат пуштени во продажба в среда, на 19 декември, во 9 часот наутро.
По најавите за Лени Кравиц и Ерос Рамацоти, ова е трет концерт на светска ѕвезда што „Авалон“ го најави за следната година.
Текстот Стинг во Скопје е превземен од Reporter.mk.