Легендата на боречките вештини и холивудската ѕвезда Стивен Сегал му соопштил на рускиот претседател Владимир Путин дека сака да стане гувернер на Приморски, покраина која се наоѓа на далечниот исток на Русија.
Сегал ова го соопштил и на фестивалот „Пацифик Меридиан“, кој во моментов се одржува во Владивосток. Кога новинарите го прашале славниот актер дали сака да стане гувернер, тој одговорил дека сака да ги застапува интересите на претседателот Владимир Путин и дека со задоволство би го превземал гувернерското место.
Сегал изјавил дека е именуван за специјален претставник од министерството за надворешни работи за односи со Јапонија и дека планира да вложи максимални напори за зајакнување на дипломатските односи меѓу Москва и Токио.
Стивен Сегал доби руско државјанство во ноември 2016 година, во согласност со законот кој им дозволува на страниците да станат руски државјани поради нивните услуги кон Русија, или само нивните постигнувања воопшто. Сегал исто така од април е ангажиран како претставник на Руското министерство за надворешни работи за руско-американските односи. Холивудскиот актер од јануари 2016 година доби и српско државјанство.
Текстот Стивен Сегал ќе стане гувернер е превземен од Reporter.mk.