Холивудската ѕвезда, Стивен Сигал, кој во 2016 година добил руско државјанство, ќе биде специјален претставник на Москва за хуманитарни односи со САД. Задачата на актерот ќе биде „да придонесе за понатамошен развој на рускоамериканските односи во хуманитарната сфера“. Ова опфаќа соработка во културата, уметноста, размена на млади, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Текстот Стивен Сигал руски „амбасадор“ во САД е превземен од Reporter.mk.