Пејачот на „Аеросмит“, Стивен Тајлер, официјално е ракоположен за свештеник, објави ТМЗ.
За да стане свештеник на Универзалната црква на животот, Тајлер требало да се регистрира онлајн, да положи интернет-курс и да плати 80 долари.
Тој сега може легално да венчава двојки ва САД, а цената за неговите услуги изнесува 200 000 долари.
Првиот брак Тајлер го склучил викендов, а ги венчал синот и неговата девојка.
Рок-ветеранот сега се понуди да ги венча и Џастин Бибер и супермоделот Хејли Болдвин.
Текстот Стивен Тајлер стана свештеник е превземен од Reporter.mk.