„Не сакам вечерва тажни приказни. Наши цели беа да се квалификуваме на Ф4, си ветивме сами себе дека ќе играме на теренот, дека ќе уживаме и дека ќе ви донесеме среќа како во 2017. Нашите цели беа да уживаме на теренот да играме, да го израдуваме овој народ. Фала ви на сите, за сите овие 7,5 години што ги минав тука. Можеби ќе се вратам некогаш“, изјави Карачиќ.
„Да знаете дека ако ние имавме играч со број 5 на теренот, вие сите тука ме имавте мене, играчот со 31. Иван Чупиќ кажа многу убава работа. Цел живот е Хрват, а се чувствува како Македонец. Колку се трудевме ние сите 20 души, да ви порачаме дека ние сме Македонци. Мислев дека никогаш нема да го доживеам овој ден. Фала ви на сите Македонци. Денес ние сме Македонци“, изјави Тимур Дибиров.
Данил Шишкарев се пошегува дека сакал да стане Македонец, но дека не му давале пасош една година. „Ви честитам ова е голема победа за вас, за нас, за цела Македонија“, рече Шишкарев.
„Народ со најголемо срце, се надевам дека сте горди на нас, во најтешки моменти покажавме дека треба да верувате во нас, вие тоа и го направивте“, рече Дејан Милосављев.
На бината излегоа и двајцата српски коментатори Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ кои го следеа финалниот натпревар со Веспрем на „Арена Спорт“.
„Кога имате ваков тим, вакви играчи, многу е лесно да се пренесува натпреварот на вас. Скопје го има најдобриот ракомет во Европа“, изјави Стеван Стевановиќ.
„Скопје е европска престолнина на ракометот. Слави Македонијо“, изјави Сретен Рашковиќ.
Фото: Маркукуле.мк
Текстот Стоилов: Скопски Вардар, европски првак е превземен од Reporter.mk.