Фолк-пејачката Сузана Гавазова, која подолго време живее во Швајцарија, за празниците беше дома, во Струмица. Таа на својот фејсбук-профил се пофали дека планира повторно да се тетовира, а не е тајна дека тетоважите ѝ се слабост. „Време е за нов цртеж“, напишала фолк-пејачката. Таа до сега има повеќе тетоважи на телото, и тоа стрелец на задникот, тоа е нејзиниот хороскопски знак, око на раката и над левата града ѝ пишува „љубов, вера, надеж”. (А.Г.)
Текстот Стрелец на газето е малку за Гавазова е превземен од Reporter.mk.