Строгата диета на Кејт Мидлтон

И покрај трите бремености кои ги имала, Кејт Мидлтон успеала да ја сочува елегантната фигура, а по нејзината свекрва, принцезата Дајана, Кејт успеа во рекорден рок да ја врати својата линија.

За разлика од својата сестра Пипе, војвотката од Кембриџ не е премногу склона кон вежбањето, но неактивноста на тоа подрачје, Кејт го надоместува со стрини диети кои вклучуваат сурова, висока протеинска храна со минимална количина на јаглени хидрати и повремен десерт, пренесува Стил.

Покрај Кејтлин, личните ограничувања на храна, како припадничка од кралското семејство, забрането ѝ е да јаде одредени работи. Но, тоа не ја спречува да експериментира со храната. Кејт наводно не би ослабела пред венчавката, ако не почнала со диетата која се состои од протеини, овошје и зеленчук и леб од пченично зрно. Исто така Кејт е љубителка на сурова храна што вклучува различни јадења без термичка обработка.

Омилен специјалитет ѝ е суровата риба маринирана во лимонов сок и други зачини, салата од лубеница, бадемово млеко. Суровата храна наводно ја јаде најмалку еднаш неделно, за покрај беспрекорната фигура, го одржи и сјајот на кожата.

Иако на прв поглед може да звучи и делува необично, Кејт не експериментира премногу со храната. За време на посетата на Канада, таа дегустирала различни егзотични јадења кои не на секого би му се допаднале. Меѓу останатото, Кејт откри дека, како и повеќето Англичани, е голем миленик на зачините, а омилен додаток и е кари.

Иако Кејт сака да држи строга диета, често знае да се почести со различни десерти. На нејзиното мени можат да се видат десерти како божиќен пудинг и божиќен овошеј колач.

Десертите најчесто следат по салатите со јастог и ракчиња, печена мисирка и скара. Но, Кејт не мора да се грижи самата околу храната. За тоа има обезбеден приватен кувар, кој и ги исполнува сите желби.

 

Текстот Строгата диета на Кејт Мидлтон е превземен од Reporter.mk.