Судијата Теа Голуб која пресудила синот на Северина Вучковиќ во иднина ќе живее со татку му Милан Поповиќ, се најде во центарот на скандал, по откривањето дека таа била на луксузен одмор во ист хотел во кој бил и српскиот бизнисмен, пишуваат српските медиуми.
Откако многумина во јавноста го покренаа прашањето, од каде ѝ се парите за седумдневното зимување кое чини колку две нејзини плати, Теа во јавноста ја покажа својата имотна состојба.
Платата која ја зема од Општинскиот граѓански суд во Загреб е околу 1700 евра. Медиумите пренесуваат дека тааима огромен и богат имот, за кој еден просечен Хрват може само да сонува. Таа и самата вели дека некои од работите не ги стекнала, туку ги добила како подарок.
Теа поседува стан од 103 квадрати во Загреб, вреден 200.000 евра и 19 квадрати гаража, чија цена изнесува 23.000 евра. За двете недвижнини, таа навела дека се добиени како подарок.
Часовникот од 4000 евра и останатиот накит од 5500 евра, исто така го добила на подарок. Во две банки чува заштеда од 98.000 евра, пари кои исто така ги добила како подарок.
Многу поголем имот поседува нејзиниот сопруг, за кој во имотниот лист не навела ни како се вика, ниту со што се занимава. Според она што таа го напишала на имотниот лист, нејзиниот сопруг е сопственик на нива и куќа од по 10.000 евра и куќа во Загреб од 361 квадрат во вредност од 340.000 евра.
Под табелата извор на куќата, наведено е дека приходот е од несамостојна работа, кредит и подарок. Наведено е дека дел од парите ги заштедил од платата, друг дел ги добил, а трет го платил со кредит кој е веќе отплатен. Партнерот на судијата има вредни работи. Наведена е колеција на часовници од 20.00 евра, која ја купил сам и виолина од 6700 евра, која ја добил на подарок. Тој поседува и акции во трговски и инвестициски фонд.
Во еден од нив има десет проценти удел (вредност од 900.000 евра), кој му бил подарен, додека во друг фонд има 65% капитал (39.000 евра) а во трет е сопственик на вкупна вредност на акции од 26.000 евра. И тој има штедна сметка во две банки. Во едната чува 42.000 евра, а во другата 6000. Поседува и две животни осигурувања од 36.000 евра и 40.000 евра. Сето ова партнерот на судијата го стекнал со плата од 2200 евра и дополнителни 1500 евра кои му стигнуваат како приход меечно, но не е познато како.
Хрватските медиуми тврдат дека судијата и нејзиниот сопруг тешко можат да го стекнат сето ова со платите кои ги примаат.
Текстот Судијката која пресуди синот на Северина да биде со Милан, добивала подароци од 330.000 евра е превземен од Reporter.mk.