Пејачката Северина Којиќ ја прекршила судската наредба да не објавува фотографии на социјалните мрежи од нејзиниот син Александар. Според пресудада донесена од судот во Загреб во јули 2019 година, таа не смее да објави фотографии од малолетниот син на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, а во меѓувреме треба да ги избрише сите фотографии.
Се работи за привремена мерка, која се однесува на периодот додека не заврат сите судски рочишта, меѓу Северина и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ. Според пресудата, Северина треба да плати 660 евра, а казната ќе се зголемува и тоа за двојно повеќе, секојпат кога ќе објави на социјалните мрежи, слика од нејзиниот син.
Според пишувањата на српските медиуми, проблемите меѓу неа и Игор, наводно настанале поради финансиски проблеми. Игор ја обвинил Северина дека ќе ги донесе до банкрот, на што таа му одговорила дека треба повеќе да заработува.
„Игор од почетокот на врската, навикна Северина да заработува од настапите. Кога почна пандемијата, Северина престана со настапите, како и сите пејачки. Но, таа имала многу казни кои морала да ги плати на судот, плус животните трошоци, кои секогаш паднале на неа“, вели извор за српските медиуми.
Медиумите пишуваат дека двајцата се пред развод, но досега нема стигнато никакво барање до судовите. Северина во Белград стигна за да го види нејзиниот син, кој живее со Милан. Поради пандемијата, таа престојуваше во куќата на родителите на Игор, Олја и Драган Којиќ Ќеба. Таму ескалирале проблемите.
По кавгите, Северина се вратила во Загреб, а Игор останал во Белград каде работи како фудбалски менаџер. Неговите родители не го поддржале да ја остави сопругата со проблеми, но тој е убеден во исправната одлука, вели изворот. Досега никој од нив се нема огласено по повод ваквите проблеми.
Пред неколку дена Игор ја избриша заедничката фотографија со Северина од својот профил. Јавно не ѝ го честиташе ниту роденденот, нешто што досега постојано го правеше. Игор и Северина, наводно во Белград почнале да се расправаат околу базенот во куќата на Ќеба. Пејачката сакала да го реновираат и да го наполнат со морска вода.
Барала во дворот да купат и голема гарнитура и лежалки, за да може да се фотографира и сонча и фотографиите да ги објавува на социјалните мрежи. Имала замерки и на плочките и барала нови. Тука ја прелила чашата. Ќеба побарал од Игор да ѝ објасни дека во моментов немаат пари за такво нешто, објаснува изворот.
Текстот Судот ја казни Северина поради објавени фотографии на синот е превземен од Reporter.mk.