Сузан Сарандон има потрес на мозокот

Американската глумица Сузан Сарандон на „Твитер“ објави слика на која има огромна модринка на лицето. Таа откри дека била на граѓански протест во американската сојузна држава Њу Хемпшир, а во текот на протестот паднала, го скршила носот и имала потрес на мозокот. Од падот го изместила и коленото.

„Изгледа нема да можам да се сретнам со луѓето во Њу Хемпшир, пред сè, со сенаторот Берни Сандерс. Навистина ми е жал што ќе ја пропуштам таа можност“, напишала Сарандон и додала дека сега е добра.

Освен глумата, Сузан е активна и во политиката. Лани таа беше меѓу 575. жени што беа уапсени пред Сенатот во Вашингтон на протест против претседателот Доналд Трамп и неговите политики кон мигрантите.

 

Текстот Сузан Сарандон има потрес на мозокот е превземен од Reporter.mk.