Сузана Гавазова сними нова песна на српски јазик

Пејачката Сузана Гавазова деновиве се пофали дека има нова песна испеана на српски јазик. Таа следниот месец најави промоција на песната по српските телевизии, а во меѓувреме планира да сними и видео спот.

„Автор на текстот на таа песна е многу познатиот Драган Брајовиќ-Браја, а автор на музиката е Денија Ликс. Песната е феноменална, јас сум презадоволна, особено што текстот е од работилницата на еден од најдобрите српски текстописци, па нема утка“, изјави Гавазова.

Фолк пејачката по престојот во Шведска, каде се пресели пред неколку години, повторно се врати во Македонија. По големиот број на патувања кои ги имаше низ Грција, Хрватска, Црна Гора и Босна, пејачката сега најави дека има намера да го освојува српскиот пазар.

 

Текстот Сузана Гавазова сними нова песна на српски јазик е превземен од Reporter.mk.