Најпопуларната југословенска лото девојка, Сузана Манчиќ, во интервју за српските медиуми рекла дека на ќерка си Теодора Куниќ, која се разведе по една година брак, ѝ рекла дека повторно ќе се мажи. Теодора беше мажена за богат бизнисмен од Америка.
„Ѝ реков: Ќе има уште мажења за тебе. Добредојде во Србија. Јас секогаш верувам во љубов и тоа мојот живот го потврди. Не се тоа празни приказни. Јас сум тука за неа и таа знаеше каде да се врати. Добро е што се вработи во една маркетинг агенција за да си има свои пари. Најважно е што во моментов Теодора е задоволна“, рекла во интервјуто.
Прв маж на Сузана беше музичарот Небојша Куниќ од групата „Седморица млади“, до кого освен Теодора ја има и ќерката Наталија. Таа неодамна се омажи вторпат за грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос.
Текстот Сузана Манчиќ ја теши разведената ќерка – од мажи никогаш доста е превземен од Reporter.mk.