Фолк-пејачката Сузана Спасовска повеќе од 30 години е на естрадата. Според многумина, таа е една од оние кои не им се даваат на годините, и стареењето не ѝ се забележува. Пејачката , која има 54 години, вели дека тоа е работа на генетиката, затоа што не оди на третмани за подмладување.
Сузана открила дека постојано е во движење, и дека тоа ѝ дава сила и енергија за сè. Освен што го негува лицето, внимава и на одржување на телото. Сузана не користи посебни кремови за лице, туку сосема обични, но задолжително оди на третмани за убавина на лицето, па вели дека тоа треба да го прави секоја жена, доколку може.
Фолк-пејачката е една од ретките кај нас кои го учат и го зборуваат кинескиот јазик, па не ретко патува за Кина, каде што пред некоја година направи вистинско шоу за туристите кога им запеа на Кинескиот ѕид.
Текстот Сузе не им се дава на годините е превземен од Reporter.mk.