Свештеникот кој некогаш беше исфрлувач во ноќните клубови – Животната приказна на папата Франциско

Папата Франциско денеска првпат е во Скопје. Целото внимание на јавноста е свртено кон него и неговата посета на земјава – од средбата со претседателот Иванов, преку посетата на Спомен куќата на Мајка Тереза и литургијата на плоштадот Македонија, до службата во католичката црква.

Но, животната приказна на Франциско, пред да стане папа, е многу поинаква од онаа што ја живее денес во Ватикан. Роден е во Буенос Аирес на 17 декември 1936 година, а неговото вистинско име е Хорхе Марио Бергољо. Тој е најмалотоб од петте деца на италијански доселеници во Аргентина.

Ретко кој знае дека папата обожава танго, па на часовите по танцување ја запознал својата тогашна девојка. Кога имал 12 години на својата прва симпатија наводно ѝ рекол: „Ако не се оженам со тебе, ќе станам свештеник“. Во младоста работел како исфpлувач во ноќните клубови во Буенос Аирес за да заработи за стан и храна. Она што е интересен факт за него е дека има само едно белодpобно крило, а другото му било извадено заради инфекција кога бил тинејџер.

83-годишниот папа сака да готви. Вели дека најдобро знае да го подготвува шпанското јадење паеља, но и жали што откако е папа не може да оди во пицеpија, оти обожава пица. Тој е голем фан е на локалниот арегентински фудбалски клуб „Сан Лоренцо“.

Во младоста активно играл кошарка, а поседува и голема колекција од дресови од фудбалски клубови. Течно зборува италијански, германски и шпански, а по малку и англиски, француски и португалски. Студирал филозофија и дипломирал хемиска технологија. Пред да стане надбискуп на Буенос Аирес предавал книжевност, психологија, филозофија и теологија. Во 1986 година во Франкфурт одбранил докторат по теологија. Омилен писател на папата е Р.Р Толкин, а омилени ликови од „Господар на прстените“ му се Фродо и Билбо. Тој неколку пати ги спомнуваше овие два лика како пример за победата на доброто над лошото.

Иако нема компјутер, тој е еден од највлијателните светски лидери на „Твитер“, а го следат 45 милиони луѓе. Не твита лично, но секој пост пред објавување мора да го прочита и одобри. Тој го држи рекордот од милион следбеници на „Инстаграм“ собрани за најкус рок (за помалку од 12 часа). Не гледа телевизија од 1990 година, кога се заколнал пред дева Марија и до денес не го пpекpшил заветот.

Папата често добива подароци, меѓу нив и мотор Харли Дејвидсон, кои потоа ги продава, а парите ги донира на центрите за бездомници. Поврзан е со своите приврзаници и честопати им се јавува на телефон на луѓето што му пишуваат. Не живее во официјалната папска резиденција во Апостолската палата, туку во многу поскромната Каза Санта Марија, куќа за гости на Ватикан, а за да може да прима посетители и да има средби со обичните луѓе.

 

Текстот Свештеникот кој некогаш беше исфрлувач во ноќните клубови – Животната приказна на папата Франциско е превземен од Reporter.mk.