Светски ѕвезди кои го сочуваа бракот и замижаа пред јавниот срам

Голем број на познати политички, музички, филмски и спортски ѕвезди и покрај нивните афери и неверства, пронашле сили да го зачуваат својот брак и да останат со своите сопрузи и сопруги. Велат дека нивните афери не биле доволна причина да се разделат и дека одлучиле да ги затворат очите и покрај изложеноста на јавниот срам.

Клои Кардашијан е една од нив кои доживеа неверство од нејзиниот партнер. Нејзините фанови не можат да му простат на Тристан, кој ја изневерил додека беше во доцна фаза од бременоста. Клои на својот профил на Твитер отворено зборуваше за тој скандал.

„Немате поим што се случува во нашето семејство и колку сила треба да се врати изгубената доверба. Јас сум горда на себе“, изјавила Клои.

 Семејството Бекам

Дејвид и Викторија Бекам се запознаа во 1997 година, а се венчаа две години подоцна. Во пресрет на скандалите кои ги следеа во секој чекор, Дејвид и Викторија и понатаму се во среќен брак. Во минатото двајцата ги негираа сите трачеви за нив и тврдат дека нивниот брак е идеален.

Двојката во 2004 година преживеа голема брачна криза, кога јавноста откри дека поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед има афера со својата асистентка. Стануваше збор за ќерката на холандски дипломат, Ребека Лос.

За прв пат папараците ги забележаа заедно на 18 септември 2003 година во еден ноќен клуб во Мадрид. По објавените фотографии на кои Дејвид и Ребека разменуваат нежности, семејството Бекамови веднаш дадоа изјава за медиумите во кои негираат какви било проблеми во нивниот брак. Кога аферата стигна до својот врв, новинарите открија дека Дејвид и Ребека заедно го напуштиле клубот и се упатиле во неговиот апартман во хотелот Санта Мауро.

Викторија подоцна во јавноста објасни дека аферата на Дејвид со Ребека само го зацврстила нивниот брак. Медиумите подоцна открија имиња во јавноста на четири жени кои тврделе дека биле со Дејвид додека тој бил оженет со Викторија.

Семејството Картерс 

 

 

Светската музичка двојка Бијонсе и Џеј Зи, неверството го преточија во албум ѝ велат дека на истиот имаат заработено големи пари. Џеј Зи во интервју за „Њујорк Тајмс“ открива дека ја изневерил Бијосне, а раперот објаснил ѝ дека не се развеле благодарение на нивната брачна терапија.

„Повеќето луѓе се разделуваат. Стапката на развод е околу 50% затоа што повеќето луѓе не можат да се погледнат самите себе си. Најтешко е да видите нечие лице и болката која сте ја предизвикале. Потоа треба да се носите со тоа“, изјавил во тој период Џеј Зи.

Раперот со Бојонсе ја има ќерката Блу Иви и близнаците Руми и Сир.

„Имам прекрасна жена која е полна со разбирање и знае дека не сум најлошиот човек на светот, без разлика на моите постапки“, изјави Џеј Зи за неверството.

Тој вели дека со Бијонсе се наоѓаат на подобро место, но и понатаму работат на меѓусебната комуникација.

Случајот Левински

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон призна во јавноста дека имал непримерни односи со Моника Левински, неговата поранешна приправничка во Белата куќа. Левински која во тоа време имала 22 години, јавноста ја има запаметено како личност која имала однос со Клинтон и од тогаш ги се носи со сите последици кои следеа по нивната афера. Кога информацијата за нивниот однос стигна во јавноста, американскиот претседател пред американските граѓани одржа говор во која негира дека имал сексуални односи со таа жена.

Подоцна под притисок на јавноста Бил Клинтон призна дека имал непристоен интимен физички контакт со Левински. Тврди дека се работело за орален однос, нешто што за него не претставува секс. Клинтон неодамна изјави дека после тоа повеќе никогаш се нема слушнато со Левински.

„Се немам слушнато со неа и немам разговарано. Но јавно неколку пати изјавив дека ми е жал“, изјавил Клинтон во разговор за NBC.

„Се извинив пред целиот свет“, изјави Клинтон, имплицирајќи дека тоа е сосема доволно. Неговата сопруга Хилари Клинтон тогаш одлучила да застане зад сопругот.

Моника вели дека се заљубила во својот шеф и дека имале афера од 1995 до 1996 година. Признала дека по секс скандалот размислувала да се самоубие.

Бил Козби

Актерот познат по серијата The Cosby Show, Бил Козби досега за сексуално злоставување бил обвинет од преку 60 жени. Некои од нив ги дрогирал, а потоа ги силувал. Козби прво ги негирал ваквите тврдења, а минатата година призна дека често на девојките им давал одредени опиуми, за да ги опушти пред сексот. Поротата во американскиот град Монтгомери, го прогласи комичарот за виновен и извршен тежок напад, дрогирање и силување на Ендру Констанд, кошаркарска тренерка на универзитетот Temple. Целото тоа време за време на судењето, телевизиската продуцентка, Камили Козби стоеше зад со нејзиниот сопруг.

„Судот го прогласи мојот сопруг за виновен на темел на лажни обвинувања. На Бил му е нанесена тешка неправда“, изјави тогаш Камили.

Таа тврдела дека на нејзиниот сопруг му се подготвува и јавен линч, а на судењата секогаш доаѓала насмеана и се држела во близина на Бил.

 

 

 

Текстот Светски ѕвезди кои го сочуваа бракот и замижаа пред јавниот срам е превземен од Reporter.mk.