Повеќе од десетина светски музички ѕвезди ќе настапат на концерт во чест на починатата музичка легенда Принц. На концертот Let’s Go Crazy: The Grammy salute to Prince, кој ќе се одржи два дена по 62. доделување на Греми наградите, ќе настапат Џон Леџенд, Алиша Кис, Ашер, Крис Мартин и уште многу други познати музички ѕвезди.
Концертот ќе се одржи на 28 јануари во Лос Анџелес.
„Принц продолжува да ја буди иконата на уметници и обожаватлеи ширум светот. Со својот субверзивен став и заповедничка природа, тој комбинираше жанрови и создаваше електрична музика со силен карактер“, изјавила претседателката на американската Академија за дискографска уметност и наука Дебора Дуган.
Роџер Нелсон Принц, почина на 21 април 2016 година, неколку недели откако најави дека ќе објави автобиографка книга.
Неговата автобиографија „The Beautiful Ones“ објавена минатата година, е комбинација од фотографии и записи од негови белешки и текстови на песни.
Текстот Светски музички ѕвезди ќе пејат на концерт во чест на Принц е превземен од Reporter.mk.