Светскиот тенор Пласидо Доминго го прекина настапот во Санкт Петербург

Познатиот тенор Пласидо Доминго откажа настап во Маринскиот театар во Санкт Петербург завчера поради влошена здравствена состојба.

Имено, тој за миг го загубил својот глас, а тоа се случило непосредно пред да излезе на сцената.

Доминго требаше да учествува во операта „Симон Боканегра” на 25-ти овој месец.

„Непосредно пред спектаклот, тој одлучи да не се појави на сцената поради делумно губење на гласот. И, поради тоа што одлуката се случи токму пред уметнците да излезат на сцената, уметничкиот директор на Маринскиот театар, Валери Гергиев лично им се извинува на посетителите”, гласи соопштението на театарот.

Веднаш потоа биле почнати преговори со оперскиот пејач за повторно негово гостување во Санкт Петербург наредниве неколку месеци.

„Сите барања за враќање на влезниците на публиката за спектаклот ‘Симон Боканегра’ беа прифатени пред крајот на паузата на спектаклот на 25 јуни“, се вели натаму во известувањето.

Текстот Светскиот тенор Пласидо Доминго го прекина настапот во Санкт Петербург е превземен од Reporter.mk.