Тага и солзи за Кирк Даглас, фановите положија цвеќе на патеката на славните

Холивуд остана без великанот Кирк Даглас. Веста за неговата смрт ја објави неговиот син Мајкл Даглас, а бројни колеги, пријатели и познаници се простуваат од глумецот преку социјалните мрежи.

„Легендарниот глумец Кирк Даглас почина на 103 години. Доби награда од Академијата и претседателски медал за слобода. Беше шампион, живееле долг и тивок живот. Го обожававме и ќе ни недостига“, изјави Мајкл Даглас.

Глумецот Роб Реинер рече дека Кирк засекогаш ќе остане икона во Холивуд и дека неговата љубов и поддршка ќе бидат насочени кон неговиот пријател Мајкл и целото семејство.

Канадскиот глумец Вилијам Шатнер изрази сочувство до семејството на Кирк.

„Каква неверојатна икона беше во индустријата“, рече Шатнер.

И Дени Девито кажа дека е погоден од веста за Кирк.

„Живееше 103 години. Како убаво звучи тоа. Беше одлично да се дружам со тебе човече“, изјави Девито.

Од Кирк на социјалнтие мрежи се прости и Академијата. Тие ја цитираа неговата изјава и му го упатија последното збогум.

„Сакав да бидам глумец уште откако бев дете во второ одделение. Направив претстава, а мајка ми ми даде црна престилка и јас играв чевлар. По изведбата, татко ми го дад првиот Оскар, корнет“, изјавил Кирк.

Се огласија и од семејниот музеј на „Волт Дизни“.

„Го глумеше Неда Ланда во филмот 20.000 под морето, во 1954 година. Тоа беше првиот долгометражен цртан филм во продукција на студито „Дизни“. Изразуваме сочувство до неговото семејство и на сите кои ја поддржуваа неговата работа“, се огласија од „Дизни“ преку „Твитер“.

Покрај неговата ѕвезда на холивудската патека на славните, обожавателите оставаа цвеќиња.

 

 

Текстот Тага и солзи за Кирк Даглас, фановите положија цвеќе на патеката на славните е превземен од Reporter.mk.