Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга во саботата тајно се ожени со својата долгогодишна девојка Нура, без присуство на медиуми и со налку најблиски роднини и пријатели. Дури по свадбата познатиот тенисер објави неколку слики од свадбата и се пофали дека се оженил. Свадбата се случила во Шато де Бањол во близината на Вилефранш сур Саон, а помеѓу малкуте гостите биле и тенисерите Лукас Пуј и Пјер-Иг Ербер.
Нура лани во март 2017 го роди нивното прво дете, синот Шугар. Двојката е во врска од 2014 година.
33-годишниот Цонга оваа година играше на само два турнира, Австралија опен и Монпелје опен, оти во март беше на операција на левиот менискус.
Текстот Тајна свадба на Џо Вилфред Цонга е превземен од Reporter.mk.