Која е тајната на среќниот брак, ни откриваат светски познатите парови.
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
Односот помеѓу Блејк и Рајан е „речиси пријателски“: тие си веруваат еден на друг, постојано се смеат и се забавуваат на свој начин. „Можеме да разговараме покрај каминот со чај цела вечер. А тоа е вистинска семејна среќа за мене“, рече Лајвли во едно интервју.
Совет на парот: „Големата љубов почнува со силното пријателство.“
Мишел и Барак Обама
Тие се во брак речиси 25 години. Во текот на годините сопружниците доживеале неколку пати криза, понекогаш бракот бил пред целосен колапс. Но, мудрата и упорна Мишел ја спасувала врската секој пат (според признанието на поранешната прва дама, психолог многу ѝ помогнал).
Совет на парот: „Никогаш не одете во кревет доколку сте скарани.“
Вил Смит и Џејда Пинкет Смит
Вил се шегува дека е и сам изненаден што е во брак со Џејда дури 20 години. Актерот е сигурен дека „навистина добриот секс“ им помогнал да го спасат семејството, а „скромно“ изјавува дека тој е „многу добар во кревет“. Другата поента е во способноста за комуникација.
Совет на парот: „Многу разговараме. Некој ќе рече дека ова е дури и премногу. Но, комуникацијата е сè.“
Колин и Ливија Ферт
Британскиот актер кој освоил Оскар и неговата сопруга заедно се повеќе од 20 години. Ова е идеален брак: Колин дури морал да го прости изневерувањето на Ливија со еден фотограф, но тие и понатаму се заедно, без разлика на сè.
Совет на брачниот пар: „Без разлика колку сте зафатени, секогаш најдете време еден за друг.“
Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик
Сара и Метју се во брак повеќе од 20 години и имаат три деца. „Понекогаш ме нервира, но тоа ја прави нашата врска интересна. Сигурна сум дека и јас понекогаш го нервирам“, рече Сара низ смеа во една пригода. Но, не постои друг начин да извлечете од неа некои други детали.
Совет на брачниот пар: „Никогаш не дозволувајте странци да ви се мешаат во вашата врска.“
Дејвид и Викторија Бекам
Во 2019 прославија 20 години од венчавката. „Кога сте во брак, работите се комплицираат. Бракот е навистина тешка работа“, рече Дејвид во едно интервју. Но, Бекамови дури и се носат со прекувремената работа. Викторија тоа го потврдува: „Дејвид е мојата поддршка: ги делиме домашните обврски подеднакво. Кога патувам, тој ги носи децата во училиште и им ја спрема храната.“
Совет на парот: „Децата се семеен приоритет. Сè што правиме се врти околу децата.“
Текстот Тајните на среќниот брак: Пет совети на познатите парови е превземен од Reporter.mk.