Српската пејачка Рада Манојовиќ и Харис Берковиќ тајно се венчале, пишуваат српските медиуми. Оваа вест, како што пренесуваат таблоидите, воопшто не го воодушевила таткото на Рада, Мирсад.
Близок пријател на пејачката открива дека Харис се обидел да му објасни дека желбата да се венчаат била на двајцата и дека венчавката се случила без никаков притисок и пречки.
Мирсад вели дека сега има големи проблеми во Босна. Сите роднините му се јавуваат и му честитаат, а тој не знае што да им каже, вели извор за „Стар“ и додава дека Мирсад му ставил на знаење на Харис дека не сака да има никаков контакт со него.
Текстот Тајно се венчаше српската пејачка Рада Манојовиќ е превземен од Reporter.mk.