Претседателот на собранието на РМ, Талат Џафери, ја мажи ќерка си Бесија. Тој не откри детали за венчавката, но рече дека ќе земе неколку слободни денови заради свадбата на ќерка си. Јавноста дозна за ќерката на Талат кога пред неколку месеци се вработи во ЕЛЕМ како референт за правни работи. Тогаш во медиумите се пишуваше дека е во прашање непотизам и дека е вработена само заради нејзиниот татко.
Собранискиот спикер освен ќерката Бесија, има и син, кој се ожени во 2015 година. На неговата свадба тогаш запеа Али Ахмети, претседателот на ДУИ.
Текстот Талат Џафери ја мажи ќерката е превземен од Reporter.mk.