Тамара Грујиќ живее како потстанар

Тамара Грујиќ, водителката на емисијата „Работна акција со Тамара“, со својата екипа реновирала многу куќи ширум Србија, но самата живее како потстанар.

„Јас и сопругот сме потстанари. А што да се прави. Смешно ми е што слушам коментари ‘зошто не земе кредит да си купи стан’. Јас не сум кредитоспособна во моментов. Но, не се жалам. Не ни треба ништо материјално за да ни е убаво. На крајот на краиштата,  можеби  цел живот ќе бидам потстанар“, рекла Тамара во едно скорешно интервју.

Таа додала дека секоја куќа чиј лик го сменила влијаела на неа и на нејзиниот карактер.

„Убаво е да изненадиш некого, од корен да му го смениш животот, секако, на подобро. Ти се менува животот, а не си свесен за тоа. Кога гледаш како живеат луѓето, почнуваш да го вреднуваш повеќе својот, сакал ти или не“, додала Тамара.

„Има куќи во кои деца живеат без вода, а се капат во корита. Тоа што сум под кирија, верувајте, не е најлошата работа на светот“, рекла таа.

 

Текстот Тамара Грујиќ живее како потстанар е превземен од Reporter.mk.