Бане од популарната српска група „187“ во едно скорешно интервју открил дека песната „Секс“ наместо со Тамара Тодевска, требале да ја пеат со Цеца. Песната „Секс“ беше голем хит пред 15 години, а со неа Тамара стана позната во Србија.
„Бевме во преговори со Цеца. Поради некои други околности не се оствари нашата соработка“, рекол Бане во интервју во емисијата „Кој ви даде термин“.
Тој рекол дека жали што Цеца ја одбила соработката, ама дека Тамара била совршен избор.
„Ќе направеше одлична работа ако прифатеше, ама пресреќни сме што наместо неа со нас пееше Тамара“, додал тој.
Текстот Тамара ѝ ја зеде песната на Цеца е превземен од Reporter.mk.