Тамара Тодевска ќе настапува во Лондон, во најстариот геј-клуб во Англија, популарниот Royal Vauxhall Tavern. Настанот со име ,,Еурофест” ќе се одржи на 10 јануари, а билетите ќе чинат седум британски фунти (околу 500 денари).
Клубот се смета за едно од најзначајните места за ЛГБТ-популацијата во историјата и има добиено голем број признанија поради својата улога во подигањето на свеста и прифаќањето на оваа група на членови во општеството.
„Седум часа со најголемите евровизиски хитови! Горди сме што во живо ќе ни пее победничката од жири гласовите на Евровизија 2019, Тамара Тодевска, од Северна Македонија“, информираат на страницата на клубот.
Текстот Тамара ќе пее во најпознатиот геј-клуб во Лондон! е превземен од Reporter.mk.