Тамара Тодевска влезе во финалето на Евровизија што се одржува во Тел Авив, Израел. Таа вечерва пееше во второто полуфинале и се пласира меѓу десетте земји што ќе настапат во финалето в сабота на 18 мај. Од втората вечер во финалето се пласираа и Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.
Во финалето на Евровизија в сабота ќе пеат 26 земји, по десет од двете полуфиналиња, претставникот на земјата домаќин Израел, и претставниците на големата петорка: Шпанија, Германија, Италија, Франција и Велика Британија.
Во ревијалниот дел на финалето ќе настапи Мадона, која ќе испее две песни.
Последен македонски претставник што пеел во финалето на Евросонг е Калиопи. Таа во 2012 година пееше во Баку, Азербејџан, со песната „Црно и бело“.
Текстот Тамара влезе во финалето на Евросонг е превземен од Reporter.mk.