Поп пејачката Тамара Тодевска ја доби наградата“ Барбара Декс“, односно награда која им се доделува на најлошо облечените пејачи на Евросонг. Нашта претсваничка, се најде меѓу петте најлошо облечени на годинешниот избор за песна на Евровизија во Тел Авив.
Прв на листата е преставникот на Португалија, потоа следат лошите креации на преставниците на Кипар, Белорусија и Белгија, а во топ петте е и Тамара.
Фустанот е креација на Александар Ношпал, кој реши тој да биде во смарагдно зелена боја поради симболизација на душевниот мир, хармонија, повторно раѓање и надеж. Детал на кој инсистил Ношпал е грбот, каде има сребрен патент. Фустанот го изработувал сам, а позади него се 700 работни часови. Се работело по теркот на француската висока мода, изјави Ношпал пред Евросонг. Освен фустанот на Тамара, за налош фустан на Евросонг беше избран и оној на Марија од “Ај кју“, која пак сега го продава за 5 илјади долари.
Текстот Тамара во топ пет најлошо облечени на Евросонг е превземен од Reporter.mk.