Дванаесет години по разводот ТВ-презентерката Татјана Стојановска и пејачот Благоја Грујовски се повторно заедно. Тие објавија прва заедничка фотографија, на која се сликани со водителката Ирена Спировска. Татјана и Благоја се дел од познатите личности кои учествуваа во проектот на невладината организација „Свет на различни, а еднакви“, која се грижи за лицата со попреченост.
Тања и Баже ја снимија химната за хуманитарниот настан „Игри без маска, театар без дискриминација“, со која се одбележува петгодишниот јубилеј на оваа организација. Химната, освен нив, ја пеат и Тања Кочовска, Адријана Алачка, Зоран Џорлев, Огнен Здравковски, Дејан Лилиќ, Бени Шаќири, Дарио, Ристо Самарџиев, Ирена Спировска, Боби Спасенцовски и Игор Митковски.
Поранешната Мис на Македонија и пејачот се венчаа 1997 година, а се разведоа по десет години брак. Тие го имаат синот Матеј. Додека беа заедно медиумите ги нарекуваа една од најубавите двојки во Македонија.
Текстот Тања и Баже повторно заедно е превземен од Reporter.mk.