Тања Кочовска и Предраг Павловски неодамна прославија 24 години во брак. Глумците не кријат дека се и денес среќни и заљубени, а Тања објави слика на „Фејсбук“ на која се бакнуваат, па напиша „24“. Двојката доби честитки од пријателите и обожавателите, кои им посакаа вечно да се сакаат. „Ајде догодина сребрена свадба“, стои во еден од коментарите.
Тања и Предраг се запознале во студентските денови, но во тој период и двајцата имале долги врски. Во 1994 година Тања полнала да работи во Театарот за деца и младинци, а по неколку месеци подоцна таму дошол и Предраг, па почнала љубовта. Двојката ја има ќерката Нела, која има 23 години и студира на Факултетот за драмскиу уметности. Од првиот брак со глумецот Владимир Ендровски – Љац, Тања го има синот Александар (28).
Фото: Фејсбук
Текстот Тања и Предраг слават годишнина од брак – Догодина сребрена свадба е превземен од Reporter.mk.