Фолк-пејачка Татјана Лазаревска добила неколку закани по живот. Таа јавно се пожали дека е исплашена откако неколку луѓе ѝ се заканиле на социјалните мрежи заради името, и дека тие ја помешале со професионалниот војник на АРМ, Татјана Лазаровска.
„Морам јавно да ви се обратам и да кажам дека лицето Татјана Лазаровска во долунаведениот текст не сум јас, за оние што погрешно разбрале. Заради совпаѓање со името почнав да добивам заканувачи пораки кои многу ме воземирија“, напиша меѓу другото пејачката.
Војникот Татјана Лазаровска, пак, неодамна јавно го поддржа терористичкиот напад во Нов Зеланд. Таа тогаш на „Фејсбук“ напиша дека терористот треба да добие Нобелова награда за храброст. Армијата против неа покрена дисциплинска постапка, а во јавноста се појави големо негодување заради нејзиниот став.
Фото: Фејсбук
Текстот Татјана Лазаревска добива закани по живот е превземен од Reporter.mk.