Босанскиот музичар и кантавтор, Хари Мата Хари, вечерва е во Скопје. Тој е тука заради вториот роденден на ресторанот „Еквилибриум“. Вели дека до сега не настапувал на ваков вид забава, па се радува оти тоа ќе биде акустичен и интимен настап.
„Во Скопје сум како дома, затоа што тука беше моето прво патување, како младо момче, на некои 10 години. И затоа ја сакам Македонија, а сум ја прошетал цела, од Куманово до Гевгелија“, вели лидерот на популарната група „Хари Мата Хари“ која е оформена на средината на ’80-тите.
Во тие бурни времиња, на поранешната држава, кога беа многу популарни, Хари вели дека успеал да не им подлегне на порците, како дрогата, алкохолот, цигарите… Единствениот порок биле жените, вели низ смеа пејачот.
Со песната „Лејла“ ѝ донесе трето место на Босна и Херцеговина на „Евровизија“, ама вели дека во рефренот на Лајла одел текстот за популарната кафеанска „Миљатска“: „Среќа што го сменивме, па ја испеа подоцна Халид Бешлиќ“, раскажува Хари Варешавовиќ. За двата брака, и за однсот со тогашната и сегашната сопруга, вонбрачниот син Маке, за децата, каков дедо е, за бурните времиња, за Сараево, родителите… Гледајте го интервјуто.
Александра Георгиев
Текстот „Татко ми ме украде од болница“ – Ексклузивно интервју со Хари Верешановиќ е превземен од Reporter.mk.