„Татко ми стави на маса 10 марки и ни кажа дека ова е сè што имаме“, Ѓоковиќ раскажа за најтешките моменти во животот

Во пресрет на 50. средба меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер на Австралија опен, српскиот тенисер во интервју за „Њујорк тајмс“ ги опиша најтешките моменти во својот живот.

Познато е дека Новак и неговото семејство минале трнлив пат до ѕвездите, а неговиот татко Срѓан, жртвувал речиси сè за да му обезбеди на синот пристојни услови за да може да го негува и развива својот талент.

Ѓоковиќ се потсети на моментот за кој вели дека ќе му остане засекогаш во сеќавање.

„Десет германски марки, ги паметам тие десет германски марки кои беа сè што имавме. Тогаш татко ми ни кажа дека мораме да се држиме заедно и да минеме низ најтешкиот дел од животот и да го осмислиме патот до целта. Тоа засекогаш ќе ми остане во сеќавање. Многу влијателен момент во нашите животи“, се потсети Ѓоковиќ.

Тенисерот опиша и како изгледа неговата утринска рутина со сопругата Јелена во Монте Карло.

„Стануваме рано, го носам синот во училиште, а се подготвуваме со скокови во кујната. Потоа го гледаме изгрејсонцето. Ќе се прегрнеме, ќе пееме и потоа вежбаме малку јога“, раскажува Ѓоковиќ.

Тенисерот опиша и како погледот на тенисот му се променил откако станал татко.

„Сите зборуваат за трофеите, рекордите, историјата и навистина се чувствувам благословено што сум во позиција да зборувам за тоа. Благодарен сум поради кариерата која ја имам, но за мене тенисот сега повеќе е платформа отколку опсесија за индивидуални достигнувања“, раскажал Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ вели дека и понатаму е гладен за нови победи и први места, до кои може да дојде ако ја одбрани титулата во Мелбурн.

 

View this post on Instagram

 

3…2…1…❤️🥳🎉🎊 thank you for all the confetti @lacoste 😜 @jelenadjokovicndf

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

„Првата позиција е нешто што е желба за сите. Сакате да напредувате и да бидете сè подобар и подобар. Роџер доста зборуваше за тоа и кажа дека многумина спортисти се согласуваат со тоа. Стагнацијата е чекор наназад“, порачал Ѓоковиќ.

На прашањето за неговиод однос со поранешниот тренер Андреа Агаси, Ѓоковиќ кажа дека тој и понатаму е влијателна личност во неговиот живот.

„Тој ми овозможи да дојдам до сите овие спознанија. Ако работите ги набљудувате од поширока перспектива, тоа е многу интересно во смисла на разбирање на тоа што е следниот чекор во животот. Вечно ќе му бидам благодарен за тоа“, изјавил Ѓоковиќ.

 

 

 

 

Текстот „Татко ми стави на маса 10 марки и ни кажа дека ова е сè што имаме“, Ѓоковиќ раскажа за најтешките моменти во животот е превземен од Reporter.mk.